|
Неотел
и официјално ја проширува својата
дејност на целата територија на
Македонија
Неотел и официјално
ги подигна лиценците за фреквенциите
за поставување на WiMax мрежа
на целата територија на Република
Македонија. Откако на 30.08.2007
беше донесена одлука од Агенцијата
за Електронски Телекомуникации
дека Неотел како најповолен понудувач
во сите 6 региони се стекнува
со правото да ги откупи лиценцираните
фреквенции, нашата фирма веќе
забрзано работи на градење на
врвна инфраструктурна мрежа низ
републикава, со што за кратко
време новиот безжичен технолошки
бран ќе стигне до сите градови
и поголеми населени места.
WiMax (стандард
IEEE 802.16), претставува врв
на безжичниот широкопојасен интернет
пристап преку кој можат да се
пренесуваат најразлични сервиси
како мултимедија, телефонски сервиси,
податочен пренос, Интернет во
урбани и рурални средини, без
разлика дали сте во движење и
мирување [Повеќе]
|