Дома          Контакт
 
 
   
 
 
Метро Етернет
WiMAX
IP VPN
   
   
Членство
 
Партнери
Дома  : Технологии : WiMAX

Неотел Ви нуди моментално најдобар широкопојасен WiMAX Интернет пристап за Вашиот бизнис. Ви нудиме конкурентна цена и брзо време на инсталација. Сега имате можност да изберете Интернет сервиси кои одговараат на Вашите реални потреби и буџет.

Ви ја нудиме предноста наречена WiMAX. WiMAX e безжична мрежна технологија на иднината, која ќе ве поврзе на интернет со големи брзини и во многу поширок опсег од било кое досега постоечко безжично технолошко решение на нашиот пазар.

Безжичната мрежа која ја нуди Неотел е точка до повеќе точки, Alvarion (www.alvarion.com) систем за безжични комуникации, за кој нашата компанија е овластен дилер за Македонија и Југо-Источна Европа. Таа претставува една од најсериозните и огромни инвестиции со висок квалитет и перформанси, во областа на Интернет понудите во Македонија.

WiMAX e стандард-базирана безжична технологија која овозможува широкоопсежна конекција на големи растојанија. WiMAX може да се користи за голем број апликации, вклучувајки и "last mile" конекции, хотспотови и целуларна поддршка и брза конекција помеѓу компаниите.

Нашите инвестиции во високоперформансната опрема Ви даваат можност за конектирање на интернет со големи брзини, можност за повеќе платформски хостинг, Виртуелна Приватна Мрежа за пренос на податоци, глас и видео запис, со голема сигурност и широкопојасност, за многу пристапни цени. Тоа прераснува во висококвалитетен сервис кој ке Ве следи во Вашиот бизнис и Вашата потреба за проширување.

Постојат неколку причини зошто да го изберете токму Неотел за соработка:

  • Неотел е прв Бизнис интернет сервис провајдер во Источна Европа кој оперира со бежични WIMAX широкопојасни мрежи
  • Неотел е единствен бежичен интернет сервис провајдер кој поседува валидна лиценца за радио фреквентен опсег во Македонија. (3,5 GH)
  • Неотел нуди “SLA” договор со своите клиенти како гаранција за квалитетот на своите сервиси.

 

 

 
9.10.2007
Неотел спонзор на Визија 2007
 
9.10.2007
Интернет низ цела Македонија 
 
9.10.2007
Нови Интернет понуди
 
9.10.2007
WiMax - Интернет без граници
 
1.09.2007
Бесплатен Интернет во Скопје
 
 
  Стртегиски партнери
 
 
  Препрати ја оваа страна
Печати ја страната
Речник на изрази
Формулари